deutsch | srpski | hrvatski | bosanski | crnogorski | makedonski | slovenski | shqip | magyar
  • УСЛУГИ ЗА ПРЕВЕДУВАЊЕ
  • ЦЕНИ ЗА ПРЕВЕДУВАЊЕ

  • УСЛУГИ ЗА ТОЛКУВАЊЕ
  • ЦЕНИ ЗА ТОКЛУВАЊЕ
  • Гордана Гас

    Преведувачко биро за: германски,
    македонски, српски, хрватски
    и босански јазик

    Услуги за преведување


    Што значи „јавно именувани и постојани судски (т.е. воопшто заколнути)" (толкувач и преведувач)?
    Услужниот портал на Баварија дава една многу добра дефиниција:
    „Јавно именување со давање заклетва, во Германија е уредено правно и со закон е заштитено именувањето на особено квалификуваните и веродостојните вештаци [...]. Јавно именување има за цел, на судовите, на државните органи и на јавноста да им ги стави на располагање особено стручните и способните вештаци, чии изјави се особено веродостојни. [...] Јавно именувани и општо заколнути вештаци се препознаат по нивниот назив заштитен законски „јавни и постојани судски (односно, општо заколнути).”
    Јавни и постојани судски преведувачи и толкувачи се значи вештаци во областа на јазичното посредување.

    Како јавен и постојан судски преведувач и толкувач, при формирањето на своите цени се потпирам на прописите од Законот за правосуден надомест и обештетување на Германија.
    Преводот се пресметува според бројот на редови, при што еден нормиран ред содржи 55 знаци (вклучувајќи ги растојанијата). За одредување на висината на цената за еден ред испишан текст се меродавни тежината на текстот за преведување и итноста на налогот.

    Ние Ви нудиме преводи во следниве области:
    – воспитување и образование
    – општествени и социјални науки
    – индустрија и технологија
    – медиуми и уметност
    – политика
    – право (сите стручни области)
    – спорт и разонода, туризам
    –  документи
    – економија и финансии

    Судските налози како и налозите од државните органи и установи се пресметуваат според Законот за правосуден надомест и обештетување.



    Gordana Gass | Hermann-Lingg-Str. 10 | 80336 München | Telefon 089/544 033 41 | Fax 089/544 033 43 | Mobil 0177/3500906 | kontakt@gogass.de | Datenschutzerklärung