Гордана Гас
Преведувачко биро за: германски,
македонски, српски, хрватски
и босански јазик
ЦЕНИ ЗА ТОКЛУВАЊЕ
Извадок од германскиот Закон за правосуден надомест и обештетување
Оддел 3
Надомест за вештаци, толкувачи и преведувачи
Параграф 8: Принцип на надомест
(1) Вештаците, толкувачите и преведувачите добиваат надомест
– хонорар за својот ангажман (параграфи од 9 до 11)
– надомест на патните трошоци (параграф 5)
– обештетување за неопходни издатоци (параграф 6), како и
– надомест за други и посебни издатоци (параграфи 7 и 12).
(2) Доколку хонорарот се пресметува според часови, тој се одобрува за секој час потребно време, вклучувајќи го и неопходното време за патување и за чекање. Последниот веќе започнат час се пресметува во целост ако услугата е давана повеќе од 30 минути; во спротивно, хонорарот изнесува половина од износот кој произлегува за цел час.
[...]
Параграф 9: Хонорар за ангажман на вештак и толкувач
(1) Вештакот за секој час добива хонорар по прилог 1. [...]
(2) [...]
(3) [...]
(4) [...]
(5) Хонорарот на толкувачот изнесува 85 евра за секој час. Толкувач во случој на сторнирање на термин добива обештетување за загуба, доколку поради сторнирање на терминот на кој било повикано, а за чие сторнирање тоа не сноси никаква одговорност, претрпело деловна загуба, а за сторнирањето на терминот е известено дури на денот на терминот или во текот на претходните два дена. Обештетувањето за загуба ќе биде исплатено до износ кои одговара на хонорар од 2 часа.
целосен текст на Закон из 2021 на германски јазик [PDF, 152 KB]